На денешното гласање во Собранието на Република Македонија на шверцерски начин и без почитување на ниту една процедура, со 64 гласа за и без поединечно изјаснување на припадниците на помалите етнички заедници застапени во Собранието беше донесен Законот за јазици.

Според официјалниот стенограм и записник од гласањето може да се увиди дека Ивана Туфегчиќ и Ферид Мухиќ кој во парламентот влегоа преку пратеничките листи на СДСМ но под превезот на коалиција за граѓаните (н.з Во која е и Павле Богоевски, кој го поддржа Законот) не гласале за усвојување на Законот за јазици.

Покрај нив, ниту пратеничките Љилјана Поповска и Маја Морачанин претставничките на ДОМ кои се во коалиција со власта не го притиснале зеленото копче.

Зијадин Села пак, претседателот на Алијансата на Албанците и доскорешн владин партнер иако најави дека ќе го поддржи Законот, сепак својот глас не го дал а беше присутен на собраниската седница.