Тројца сведоци беа сослушани на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник минитер во МВР Ѓоко Поповски.
По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет. Следното рочиште е закажано за 21 март.