Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е во работна посета на Азербејџан, по повод неговото учество на шестиот Глобален Баку форум во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“...
На Македонија ѝ се неопходни и НАТО и ЕУ, но и кинескиот проект „Еден појас, еден пат“ поради економските коридори и можности што ги нуди во Европа и Евроазија, истакна шефот на македонската држава Иванов на Глобалниот форум во Баку, Азербејџан.
Со него се предвидува поврзување на две третини од светската популација и една третина од бруто домашниот производ во светот, вели Иванов.
Македонскиот претседател Иванов на Глобалниот форум во Баку веќе оствари работни средби со претседателите на Азербејџан и на Молдавија, Илхам Алијев и Игор Додон, како и со турскиот премиер Бинали Јилдирим.
На средбата со претседателот на турската влада Иванов се заблагодарил за принципиелната поддршка за употреба на уставното име на Република Македонија и членство на Македонија во НАТО.
Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества- е тема на годинашниот форум.