Иванов флагрантно го крши Уставот, вели премиерот Заев. Македонија има заедничка иднина и Уставниот суд и Веницијанската комисија треба да се изјаснат за Законот за јазиците.
Со овој Закон е дадено едно право за граѓаните на помалубројните заедници, изјави Заев коментирајќи ја одлуката на претседателот да не го потпише Указот.
„Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи. Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, да не се дозволи Законот да живее заради тоа што ако се пушти законот да заживее конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор. И сите ќе видат дека нема да има ниту Тиранска агенда во Македонија, дека Македонија нема да биде држава на Албанците или не знам кои од малцинските заедници во државата“, изјави премиерот Заев
Заев истакна дека овој закон не е изгласан скришно и заткулисно, туку девет месеци беше отворена дебатата. Смета дека законот треба да се потпише, да се достави до Уставниот суд и Венецијанската комисија.