- Јас му ја тргнав раката на Џафери во моментот кога тој ме допре и ништо повеќе од тоа не се случи.
Талат Џафери треба да им се извини и на македонската и на албанската јавноста поради тоа што на шверцерски начин донел закон кој што ги засега токму албанските граѓани – рече Никола Груевски, поранешен премиер, актуелен пратеник на ВМРО ДПМНЕ, запрашан за случувањата во Собранието пред два дена.
Помеѓу другото, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека процедурата при носењето на законот е прекршена, а законот е противуставен.