Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Сараево учествуваше на тркалезната маса „Бергедорф“, која оваа година беше организирана на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“.

Министерот се обрати на панелот „Внатрешните реформи: доброто управување и владеење на правото”.

– Во Република Македонија денес имаме здрава политичка дебата. Успеавме да го промениме медиумскиот пејсаж и да го ослободиме медиумскиот простор. Верувам дека можеме да бидеме уште подобри. Треба да го менуваме системот, но и менталитетот и пристапот кон медиумските слободи, и воопшто кон улогата на критичката јавност, изјави Димитров по середбата, изјави Димитров.

На тркалезната маса учествуваа високи политичари, како и интелектуалци, публицисти и членови на граѓанското општество од Западен Балкан, релевантни земји-членки на ЕУ, Русија, Кина и САД, соопшти МНР.

Акценотот на тркалезната маса беше ставен на политичките структури и надворешните влијанија во регионот; исто така беа разгледани и начините на соработка меѓу ЕУ и регионалните партнери во земјите од Западен Балкан, со цел да се постигне поголема економска и политичка кохерентност.

Шефот на македонската дипломатија оствари средба и со Лилиана Тонги, потпретседател на Комитетот за надворешни работи во францускиот Парламент.