И додека во земјава се случуваат правно – политички премрежја, а судовите се на тапет – советот на Европа бележи друга, неславна статистика. Имено, Македонија е европски рекордер во бегство од затвори.

Извештајот за состојбата во затворите во нејзините земји членки за 2016 година. Според податокот од затворските статистики на советот на Европа за Македонија, со бегства на 3.400 затвореници, стапката на бегства во 2015-та (последна година за која советот на Европа располага со податоци), е највисока и изнесува 188,7 на 10.000 затврореници. Со тоа Македонија е на прво место во Европа по стапката на бегства од затвор. Втора земја во табелата е Финска, но со далеку пониска бројка од 10 бегства на 3.000 затвореници.

Интересно, Македонија, според извештајот, е меѓу државите со највисока стапка на затвореници по чувар стапка од 6,2, само Романија и Молдавија имаат повисока стапка.