По барање на Специјалното јавно обвинителство замрзнати се становите на синовите на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, соопшти специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

СЈО во декември минатата година соопшти дека е отворена истрага против Бонева, за злоупотреба со патни трошоци.

Според СЈО од 25. јуни до 16. декември на собранието Бонева му давала лажни фискални сметки од патарини, иако имала сместување во Скопје.