Откако вечерва на социјалните мрежи, кружеа вести дека вечерва ќе се отстранува „Воинот на коњ“ од плоштадот Македонија, група на граѓани, застанаа на плоштадот Македонија со намера , како што велат да го одбранат споменикот ,,Воин на коњ”.

Околу плоштадот Македонија се забележани и полициски патроли , најверојатно за да спречат некакви нереди од групата. Граѓаните велат дека цела ноќ ќе останеле на плоштадот, јавува Канал 5, а оттаму имашер и вклучување во живо.

Еден од репортерите на Канал 5, од плоштадот Македонија се вклучи во емисијата ,,Само вистина “ со најновите информации.