Слободата на медиумите во светот е намалена во текот на минатата година, а омразата кон новинарите се засилува во Европа и во САД, што е закана за демократијата, се наведува во годишниот извештај на невладината организација Репортери без граници.

Според Организацијата слободата на медиумите во 21 држава е класифицирана како „многу сериозна“.

Четири европски земји бележат најлоши резултати минатата година, додека САД бележат пад од две места и се на 45 место од 180 држави.

Според извештајот на Репортери без граници, Норвешка, втора година е на прво место по слобода на медиумите, а исто како и минатата година, на второ место е Шведска.

На третро место е Холандија, додека Финска годинава бележи пад од едно место и е четврта.

Исто како и минатата година Северна Кореја е на последното 180 место.