СДС за кандидат за градоначалник во Штип имаат човек на Заеви, нивен потрчко, од истата бизнис шема.

Понижувачки за Штипјани, е кадидат за градоначалник на Општина Штип од редовите на СДС да биде Павел Иванов, директен предлог на лобито на Струмичкиот клан Заеви, преку нивниот бизнис партнер и продолжената рака - претседателот на СДС Венко Филипче.

Имено, во времето кога се распродаваше и грабаше Македонија под водство на Заев, Павел Иванов со амин на Заев беше поставен за раководител на подрачната единица на МЗШВ во Штип, а неговата сопруга со амин на Заев за Директор на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Штип, за подоцна во 2021 година неговата сопруга да биде избрана за цоветник во Општина Штип, а братот на сопругата Иле Илиев, како носител на листата на СДС и коалицијата избран советник во Општината Ново Село и сето тоа повторно со амин на Заев.

Како раководител Павел Иванов, си поднесе оставка по промената на власта во 2024 година, но не "заборави" да додели на користење 20.000м2 државно земјоделско земјиште посадено со лешници на користење на 70 години, на својата сопруга, актуелен советник во Општина Штип и 4700 м2 атрактивно земјиште во Суитлак на користење на 70 години на име на својот татко Ангел Иванов.

Инсталациите од кланот Заеви, за нивни политички претставници во Штип продолжува и ден денес, откако пред неколку месеци Павел Иванов беше поставен за претседател на општинската организација на СДС, сега е актуелен кандидат за градоначалник. Останува да видиме дали по теркот од пред неколку години на понижување на народот и граѓаните, потесното семејство на Павел повторно ќе има привилегија за носечки политички функции во СДС.

Доста е со понижувањето на Штип и Штипјани, времето помина, граѓаните на Штип за жал го почувствуваа и нормално го казнија, време е да продолжиме со развојот на Штип, а времето на понижување да остане само лош спомен од минатото, но да не се заборави.