Само една година беше доволна да се покаже како треба да се работи кога се во прашање локалните самоуправи. Една година јасна визија за тоа како треба да се постават темелите за квалитетни, урбани и модерни локални самоуправи.

Додека во минатото, кога ова министерство беше користено за задоволување на коалициски желби, пополнување на дупките во Буџетот на општините кои ги краделе општините и давање на поддршка само на градоначалници од редовите на СДС и ДУИ.

Сега веќе не е така. Општините имаат партнер во Владата и поддршка за реализација на проекти.

Приоритетното предизборно ветување за 250 милиони евра за општините, се реализираше за само неколку месеци.

Во двата повика досега, спроведени од Владата и ресорното министерство, беа спроведени над 1000 проекти, во вредност над 20 милијарди денари, капитални проекти за граѓаните.

Се инвестира во делот на транспортот, животната средина, социјалната заштита, образованието, спортот и така натаму. Конечно, се воведува ред и дисциплина. Се поддржуваат општините со финансиски средства, без разлика на тоа градоначалниците од која партиска, етничка или верска припадност припаѓаат.

Новите законски измени, воведуваат отчетност, транспарентност и дигитализираност на локалните самоуправи. Советите и градоначалниците се рамо до рамо со граѓаните и реагираат на нивните потреби и барања.

Почитувани,

Нашите ветувања стануваат реализација. Ние не ветувавме чуда, туку работа. Локалните самоуправи се директно поддржани и тоа нема да застане тука. За секој еден граѓанин, за секоја една општина.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.