Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ вечерва во арената „Алтис“ во Лисабон настапија под реден број 11 на првата полуфинална вечер на 63. избор на песна на Евровизија 2018, на кој годинава учествуваат 43 земји.
Годинава не влеговме во десетте финалисти. Автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во „Ај кју“ во кое членува заедно со пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. Автор на аранжманот на нивната композиција е продуцентот Дарко Димитров.
Во финалето влегоа, Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска. Овие десет полуфиналисти, заедно со оние од втората полуфинална вечер ќе ги видиме во сабота на финалето, заедно со останатите финалисти.