Здравко Чолиќ објави спот за песна која ја посвети на својата сопруга, а во која за прв пат, не се појавува ниту една женска личност.

Идејата на режисерот и Здравко Чолиќ била да се долови жанровски латино звукот на песната со амбиентот во кој е снимен спотот, па така изборот паднал на еден од најубавите приморски градови - Лисабон.

Во видео приказната Здравко Чолиќ ја има главната улога како фотограф, кој прави колаж од фотографии. Склопувајќи ги во мозаик, а барајќи ја вистинската фотографија која ќе ја склопи мапата, завршува со фотографија која ја открива жената која ја чува за крај, односно неговата сопруга.