Главното обвинителство во Анкара издаде налози за апсење на 34 лица, меѓу кои и 31 активен офицер од командата на морнарицата, за кои било утврдено дека се поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен (ФЕТО).
Во тек се полициски акции за апсење на осомничените во седум окрузи, вклучително и Анкара.
До моментов се уапсени 19 лица.
Турските власти го обвинуваат Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад обидот за воен удар во Турција во јули 2016 година.
Турција по неуспешниот пуч во 2016 година воведе вонредна состојба и почна масовни апсења. Досега се уапсени повеќе од 50.000 лица, а 110.000 се отпуштени од работа.