Суд во Британија денеска го отфрли обвинението против банката Барклиз, поднесено од страна на полициското одделение за сериозни измами, во врска со зделката што Барклиз ја потпиша со Катар во 2008 година.

Британската банка тогаш му позајми три милијарди долари на Катар, а Катар подоцна ги вложи парите назад во Барклиз, со што и помогна на банката да ги исполни условите за ликвидност и да избегне интервенција на британската Влада - како што им се случи на банките Лојдз и Кралската банка на Шкотска. Праксата да се даваат заеми во замена за инвестиција во самата банка е забранета во Британија и се смета за прекршок на банкарските правила.

Покрај банката, четири тогашни директори на Барклиз се лично обвинети дека извршиле измама во истата зделка.