Соработката, взаемното почитување, взаемната корист, отвореноста, сеопфатноста и унапредувањето рамо до рамо, како и заедничкиот развој и иновативноста е целта на иницијативата "Соработка 16 + 1" помеѓу Кина и Централна и Источна Европа, каде и Македонија има важна улога.
Македонија и Кина од функционирањето на механизмот „16 + 1“ потпишаа неколку договори во сферата на економијата, инфраструктурата, земјоделството, образованието, културата, иновациите..., додека општата трговска размена во 2016 година, според официјалните статистики, била 469 милиони долари. Притоа, извозот изнесуваше 47,8 милиони долари, додека увозот изнесуваше 421,2 милиони долари.
Во рамки на оваа соработка, релевантните медиуми на 16-те земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Полска, Унгарија, Чешка и Словачка од Централна Европа; Романија, Бугарија, Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора од Југоисточна Европа, како и земјите од Балтикот- Литванија, Летонија и Естонија, посетија неколку градови во Кина и многу економски, научни и културни институции за да се доближат до можностите за соработка меѓу нашите земји.
Од воспоставувањето на "Механизмот 16 + 1" во 2012 година, размената и соработката меѓу Кина и 16-те земји од Централна и Источна Европа се продлабочи во економската, комерцијалната, културната и во други области. Тие се конкретизирани во големи проекти како што се автопати и железници, но сега и во увозот на земјоделските производи, поврзувајќи го регионот на Централна и Источна Европа поблиску до кинеските граѓани, преку поттикнување на размена меѓу цивилизациите.
Специјалната претставничка на Кина во Министерството за надворешни работи за соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, Хуо Јужен, за новинарите од Централна и Источна Европа изјави дека соработката помеѓу локалните власти, другите економски, културни и медиумски институции е важен дел од механизмот "16 + 1".
-Сакаме да ја потикнеме оваа соработка преку промовирање на интеракцијата на претпријатијата и луѓето, рече таа.
Специјалната претставничка на Министерството за надворешни работи, Хуо Јужен, истакна дека многу земји од Централна и Источна Европа се поврзани со провинциите на Кина, додека резултатите се очигледни.
-Оваа година ќе продолжиме да ги промовираме овие врски, во согласност со конкретните барања на двете страни, направејќи напори за изградба на индустриски, инфраструктурни, земјоделски зони како и зони за туризам и енергетикиа со цел да донесат директна корист за луѓето , рече таа.
Според извештајот со резултатите од соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, во текот на последните пет години, до декември 2017 година, беа спроведени 60 збратимувања меѓу провинциите и градовите и 100 збратимени градови.
Помеѓу Кина и овој европски регион воспоставени се неколку директни воздушни линии и се во разгледување и некои други. Пекинг и Големиот кинески ѕид
Пекинг, главниот град на Кина, e град со најмногу научно-истражувачки бази, но и со најразвиеното образование во Кина. Пекинг е центар на размена со надворешниот свет во многу области, како што се политиката, културата, економијата и трговијата.
Пекинг е кинески град со најмногу споменици на културното наследство на УНЕСКО.
Во Пекинг има седум бисери на светската култура. Забранетиот град или Палатата на музејот, Големиот ѕид, Небесниот храм, Летната палата, Гробниците на Династијата Минг, остатоците од Жукоудијан и Големиот канал Пекинг-Хангжу.
Големиот кинески ѕид со својата величина и неговата ретка убавина е едно од 7-те чуда на модерниот свет. Дури и Кинезите ја имаат фразата "Кој не го посетил Големиот ѕид не е вистински маж".
Големиот ѕид е одбранбена тврдина, со најголеми димензии во античка Кина. Тој има должина од речиси 10 илјади километри, почнувајќи од Шанхаигуании на градот Ќинхуангдао на провинција Хебеј и завршува на запад во Јиаугуан на провинцијата Гансу.
Изградбата на Големиот ѕид започнала во 9 век п.н.е.
Тоа е единствената трага на конструкцијата на планетата која може да се разликува од астронаутите на големи растојанија од земјата.
Окото на небото - Најголемиот телескоп во светот
Науката им помага на човештвото. Меѓу трите планини во Даводанг, округот Пингтанг, провинција Гуичжоу, Југозападна Кина, се наоѓа најголемиот радиотелескоп во светот со дијаметар од 500 метри и е познат како телескоп FAST.
Научниците го нарекуваат телескопот со акронимот ФАСТ од зборовите на англиски (Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope) што е радио телескоп што е сферичен радиотелескоп со дијаметар од пет стотини метри
Телескопот ќе ни помогне да го истражиме интелигентниот живот надвор од нашата галаксија и потеклото на универзумот, изјави директорот на кинеската астрономска компанија Ву Сианглинг.
Процесот на негово ослободување, астрономите го нарекуваат "прва светлина" бидејќи ја означува првата слика на универзумот.
Телескопот е единствен во својот дизајн, со 3 активни слоеви. Првиот слој се состои од 2.000 бари или ленти, вториот се состои од челични кабли и има над 4.000 бари, додека третиот ја содржи структурата на кабината, од каде може да се преместат рефлекторите. Радио сигнал што е десетици милијарди светлосни години далеку. За една година, FAST откри 10 ѕвезди со пулсари.
Најголемиот мост во светот
Кина не е само земја со најголема популација во светот, таа исто така го држи рекордот за многу човечки дела, како Кинескиот Ѕид, најголемиот радиотелескоп во светот и на крајот ќе го промовира најголемиот мост во светот, кој поминува над море.
Мостот е долг 55 километри и го поврзува континенталниот дел на Кина со Хонг Конг и Макао.
За неговата изградба, инвестирани се 12 милијарди фунти. Главната конструкција на мостот е завршена во јули и патот е долг 55 км, од кои 23 км се мост и седум километри се тунели и два вештачки острови. Ова го прави најголем мост во светот над морето.
Особено горд на ова архитектонско чудо е еден од неговите творци, Гуо Ксинглин.
Мостот ќе го скрати времето за патување помеѓу овие градови од 3.30 минути, на само 40 минути и на тој начин ќе овозможи побрз транспорт на производи од фабрики до пристаништа и кинеските аеродроми, вклучувајќи го и аеродромот во Хонг Конг, најголемиот аеродром во светот.
Мостот е изграден со највисоки стандарди за справување со сите природни катастрофи. Мостот може да издржи земјотрес од осум степени според Рихтер и со сигурност може да издржи супер тајфун.
Во областа на овој голем залив од 56.500 квадратни километри, 68 милиони луѓе живеат во 11 градови, вклучувајќи ги Хонг Конг, Макао и девет градови во провинцијата Гуангдонг. Регионот веќе покажува голема економска продуктивност.
Халид Ајдини