Централната банка на Кина денеска најави дека ќе го подобри изнесувањето на основните податоци за своето работење, со цел да ја подобри транспарентноста.

- Ќе продолжиме постојано да го подобруваме кредибилитетот и транспарентноста на централната банка, соопштија од банката.

Новите податоци што банката ќе ги прави достапни вклучуваат информации за заеми меѓу банките, интернет финансирање и за платниот систем.