Кумановскиот театар вчера по полноќ пред публиката во Прилеп ја изведе претставата „Жена од минатото“, по текст на Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ. Оваа година Кумановскиот тетар учествува со оваа претстава на Македонскиот тетарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

- Претставата беше изведена ревијално и наиде на одличен прием кај публиката. Многу сме задоволни од организацијата и приемот, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски. Во претставата „Жена од минатото“ се обработуваат темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи. Кумановскиот театар со оваа претстава ќе гостува и во театарите надвор од државата. Наредниот период кон крајот на јуни премиерно ќе биде изведена претставата на албанската драма на кумановскиот театар „Во море“, а на почетокот на јули, претставата „Физика на тагата“.