Вредноста на акциите на гигантскиот синџир кафулиња Старбакс падна за 4 проценти денеска, откако компанијата информираше дека продажбата и се одвива послабо од очекуваното, особено во клучниот американски и кинески пазар.
Старбакс информираше дека продажбата на веќе разработените локации пораснала за само 1 процент во третиот квартал на 2017 година, наспроти очекувањата од три процентен раст. Во вториот квартал од 2018 година Старбакс немал никаков раст во Кина.
Компанијата беше погодена од серија проблеми, пред се откако двајца Афроамериканци беа избркани од продавница во Филаделфија, што предизвика потрес во целата компанија и оставка на директорот Хауард Шулц.