Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиум денеска стапија во сила.

Царини се воведуваат за челикот, земјоделски и други производи, вклучувајќи ги и бурбонот, путер од кикирики, брусница и сок од портокал.

Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Списокот на производи претходно беше поднесен за проверка до Светската трговска организација.

- Унилатералната и неоправдана одлука на САД не ни остава друг избор. Правилата на меѓународната трговија не може да се нарушуваат без реакција од наша страна, изјави вчера еврокомесарка за трговија Сесилија Малстром.