Рускиот претседател Владимир Путин ќе има средба денеска во Москва со Џон Болтон, советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност.
- Претседателот Путин ќе има денеска средба во Кремљ со Болтон. Се очекува фокус во разговорите да бидат односите меѓу САД и Русија, изјави портаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
За денеска се предвидени разговори на Болтон и со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Песков не даде коментар за можната средба на Путин со Трамп во Хелсинки.