Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли изјави дека претседателот Доналд Трамп на Самитот на НАТО ќе им каже на земји членки дека САД не можат да бидат „касичка прасичка“.
- На Америка често се гледа како на касичка прасичка на светот и тоа треба да престане, посочи Гидли.
Пред Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули, Трамп на земјите членки на Алијансата им испрати писма во кои бара повторно да се посветат на расходите во одбраната.
По руската анексија на Крим во 2014 година, земјите членки на НАТО се договорија да го намалат буџетот за одбраната и во следните години да работат на тоа расходите во одбраната да биде два отсто од бруто домашниот производ.
Европските сојузници во НАТО не ги прифаќаат критиките на Трамп дека малку трошат на одбраната, додека норвешкиот министер за одбрана Франк Баке Јенсен изјави дека Норвешка поддржува зголемување на расходите за одбраната.