Повеќе од 100 активисти, кои се залагаат за правата на животните, бараат да се стави крај на бруталноста кон животните. Нивното барање е пред одржување на познатиот фестивал Сан Фермин во Памплона.

Активистите од организацијата „Луѓе за етички третман на животните“ (ПЕТА) и шпанската група „Животни натуралис“, облечени во црно, а некои имаа маски со бикови направени од картон, носеа транспаренти со напис „Стопирајте ја крвавата трка на бикови“.

Трката на бикови по улиците од калдрма во Памплона е главна атракција на фестивалот кој почнува утре и трае до 14 јули.

Шест бикови учествуваат во утринските трки и потоа во текот на 20 часот се убивани во коридите, а телевизиите го пренесуваат настанот.

Околу милион посетители, што е петпати повеќе од бројот на жители кои живеат во Памплона, се очекуваат во текот на фестивалот.