Посетителите на овогодишниот „Егзит“, што вчера заврши во Нови Сад, уживаа во изработката на единствен еколошки мурал од 2.000 лименки, соопшти организаторот на манифестацијата.

Муралот наречен „Пикселата“ е долг шест метри и претставува импресивна фотографија на девојка, која ја симболизира темата на овогодишниот „Егзит“ - „Слободата“.

Во изработката на муралот учествувале голем број домашни и странски постители на фестивалот.

„Пикселата“ е уште еден придонес и уште едно потсетување во важноста на заштитата на животната средина, се наведува во соопштението.