Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика властите на Никарагва да стават крај на серијата насилства, во кои во изминатите месеци беа убиени над 270 граѓани, и ги обвини властите дека се поврзани со групи кои на неприфатлив начин користат сила против граѓаните.

- Очигледно постои шокантно голем број смртни случаи и прекумерна употреба на сила од групите кои се поврзани со државата, изјави Гутереш при прес конференција во соседната Костарика.

Во текот на минатиот викенд беа убиени најмалку 12 лица, што предизвика протести против левичарскиот претседател Даниел Ортега.

Насилните безредија избија во април, кога Ортега најави намалување на пензиите. Владата набргу се откажа од планот за намалување на пензиите, и почна насилно да се справува со протестите.