Рускиот претседател Владимир Путин на специјална церемонија им додели награди на тренерите и фудбалерите на националниот тим по успешното Светско првенство во 2018 година.

Селекторот Станислав Черчесов го доби орденот „Александар Невски“, а играчите Игор Акинфеев и Сергеј Игнашевич добија почесни ордени. На останатите играчи и тренери им беа доделени благодарници од страна на претседателот.

- На првото светско првенство во Русија. Вие игравте убаво, самоуверено, покажавте сплотеност, упорност и волја, и ја постигнавте целта без да се штедите себе си, рече во својот говор Путин.

Претседателот истакна дека стигнувањето до четвртфиналето е многу важен резултат за рускиот тим.

- Вашето мото „Играме за вас“, за навивачите, се покажа како поважно од резултатите, додаде Путин.

Претседателот ја пофали играта на голманот и капитенот Игор Акинфеев.

Според Путин, со спасените пенали против Шпанија, Акинфеев станал „легенда за рускиот и светскиот фудбал“. Голманот му се заблагодари на Путин за создадената фудбалска инфраструктура во земјата и за неговата доверба во тимот.


Администратор
29/07/2018 00:52