Поетот и новинар во пензија Панде Манојлов е годинашен добитник на наградата „Книжевен круг“ на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“.

Наградата му е доделена за неговата најнова книга поезија „Копнеж по времето“. Таа е дел од едицијата современа македонска поезија во која се содржани над 30 авторски песни со различни мотиви.

Поетот Панде Манојлов е автор на 24 книги. Неговите песни се објавени на повеќе јазици, а покрај книгата „Копнеж по времето“ годинава ги објави и „Прегрни го светот“- книга поезија за деца и млади, како и книгата „Глас од душата“.

Панде Манојлов е новинар во пензија, членува во Друштвото на писателите на Македонија и во Македонско научно друштво-Битола.