Во издание на Здружението на книжевните преведувачи на Црна Гора излезе од печат книгата за деца „Волшебни крила“ од македонскиот писател Наум Попески.
Се работи за избор од поезијата во превод на Душан Гуришиќ, познат писател за деца и преведувач од Црна Гора, долгогоедишен претседател на Здружението на писателите за деца во оваа наша соседна земја.
Наслов на оригиналот е „Чаробна крила“, а меѓу кориците на оваа книга поместени се над 70 песни за деца од Наум Попески во кои се опејува природата, љубовта кон татковината, децата низ нивното секојдневние.