Германската влада со бројни проекти и мерки ги поддржува медиумите во борбата против лажните вести, а како го прави тоам за Танјуг објаснуваат од Минситерството за надворешни работи на таа земја.
Државната секретарка за меѓународна културна политика во Министерството за надворешни работи на Германија Мишел Минтеферинг неодамна на Глобалниот медиумски форум на Дојче веле (DW) во Бон рече дека владата во Берлин со бројни проекти работи на јакнење на медиумските капацитети и поддршка на медиумите, како што е медиумскиот јавен сервис за странство Дојче веле во борба против дезинформации.
Сега на прашање на Танјуг што таа поддршка подразбира во Министерството за надворешни работи на Германија го велат следното: „Слободата на информирање и медиумите се гаранција за слободни општества без дезинформации и пропаганда. Поради тоа германската сојузна влада политички се залага за слободен печат и заедно со партнерите како што е Дојче веле со различни проекти го поддржува квалитетното новинарство во светот“.
Како еден од примерите како германската влада го јакне квалитетното новинарство во Министерството укажуваат на мултимедијалниот сервис на странски јазици кој Дојче веле го реализира заедно со агенцијата ДПА „www.german-news-service.com/about“.
Тука, како што објаснуваат, партнерите на проектот го ставаат на располагање бесплатното медиумско известување за значајни случувања во Германија, како и за меѓународни теми, кои воглавно се однесуваат на Германија. Тие содржини можат да ги преземат редакциите ширум светот и да ги вбројат во својата медиумска понуда
Освен тоа, „во борба против дезинформации поддржуваат мерки за унапредување на медиумската компетенција. Со разни проекти го поттикнуваме усовршувањето на новинарите“, наведуваат во Министерството и во таа смисла укажуваат пред се на проектите на Дојче веле Академијата, која пружа обука за новинари ширум светот, меѓу останатото и во областа за дигитални медиуми.
Кога станува збор за темата лажни вести (Fake News) во Министерството истакнуваат уште еден проект на Дојче веле - http://www.truly.media.Оваа платформа, велат, овозможува на медиумските работници и организациите на цивилното општество да ја проверат автентичноста на дигиталните содржини, особено на оние од социјалните мрежи „било да станува збор за текст, фотографија или видео материјал или изворот на информацијата“.
Со помош на таа платформа може да се провери вистинитоста на информациите кои кружат на социјалните мрежи, делумно автоматски, а пред се заеднички и во реално време, истакнуваат од Министерство за надворешни работи на Германија.
Инаку, Дојче веле неодамна се најде на дневен ред во Бундестагот и тоа на барање на десно популистичката Алтернатива за Германија (АфД) која побара измена на законот за овој јавен сервис тврдејќи дека станува збор за пропаганден медиум во рацете на владејачката политичка класа.
Од друга страна, на тоа остро се спротивставија претставниците на сите останати пратенички клубови, кои ја истакнаа важноста на Дојче веле во политичките немири времиња кога се почесто се користат лажните вести, со кои се обидува да се изврши влијание во политиката, пренесе тогаш Дојче веле.
Претставничката на владејачката партија ЦДУ Елизабет Мочман на таа расправа во април рече дека авторитарните режими, како Кина, Русија или Иран работат на јакнење на своите информативни сервиси за странство и оти во тоа светло „Бундестаг има добри причини уште повеќе да го зајакне Дојче веле и да му го зголеми буџетот“.
Инаку, Дојче веле, германски јавен медиумски сервис за странство е во состав на АРД, организација на медиумските куќи во Германија и достапен на 30 светски јазици. Не се финансира од ТВ претплата туку како јавен сервис парично се потпомага од државниот буџет. Тие средства во 2017 година изнесуваа 325 милиони евра.
Во Надзорниот одбор на Дојче веле се 17 членови меѓу кои се и по два претставника на Бундестагот и Бундесратот, тројца се од сојузната влада, како и 10 членови на одредени организации и групи, додека Управниот одбор има седум члена.