Топлотниот бран, кој ја погоди Северна Кореја, доведе до тоа оризот, пченката и другите култури во полињата да пропаднат, а последиците од тоа да бидат катастрофални, соопштија денеска меѓународните организации Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Предупредено е на опасноста од избивање на криза за храна во таа земја, која инаку е погодена од меѓународни санкции.
-Тоа уште не е означено како суша, меѓутоа оризот, пченката и другите култури веќе почнаа да пропаѓаат на полињата. Ние не можеме и не смееме да допуштиме оваа ситуација да предизвика криза за храна. Знаеме дека претходната суша ја попречи испораката на храна на места, што како последица на тоа населението имаше сериозни здравствени проблеми, велат од Црвениот крст.
Северна Кореја од минатата недела е погодена од топлотен бран со температури од 40 степени Целзиусови што е невообичаено за таа земја.