Љубителите на класичната музика во Гостивар вечерва имаа можност да го проследат концертот „Шопенова вечер“ на македонскиот пијанист Глигор Гелебешев.

Во големата сала на Центарот за култура „АСНОМ" Гелебешев изведе неколку дела на Фредирк Шопен. На програмата беа две ноктурна, две мазурки, една балада и полонеза оп.3

Глигор Гелебешев по завршувањето на Академијата на уметности во Нови Сад, магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Настапувал во Франција, Холандија, Србија, САД, Турција, Бугарија.

Тој има успешна педагошка кариера и е добитник на наградата „Златна лира“ што ја доделува Сојузот на музички уметници на Македонија. Гелебешев од 1992 година работи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ како наставник по пијано.