И грчките експерти признаваат, зачленувањето во Европската Унија не зависи од договорот.

-Зачленувањето во НАТО мислам дека е лесен процес, но влезот во ЕУ е нешто сосема различно, ќе се соочите со некои проблеми, тоа е нов свет, вели грчкиот универзитетски професор во Солун, Власис Власидис.

Тој проценува дека мнозинството што би гласало „за“ преспанскиот договор во грчкиот парламент „е тенко“, и работите би можеле да се сменат во зависност од „внатрешно-политичките работи во Грција.

-Во моментов има тенко мнозинство во нашиот парламент што е „за“ ратификација на договорот, вели Власидис. Во ситуација на евентуални предвремени избори во Македонија, ако во Грција работите останат исти, Власидис верува дека грчката влада е спремна да чека дури и нова македонска влада ако таа може да обезбеди потребно мнозинство за ратификација во Собрание.

-Грчката влада ќе ја чека новата Влада. И ако тогаш има полно мнозинство во вашиот парламент кое ќе го прифати новиот Устав, тогаш ќе се потпише и во Грција договорот. Но, ако можните избори не го дадат соодветното мнозинство,тогаш грчката влада вели оти ќе го раскине преспанскиот договор, нагласува Власидис.