Припадниците на албанската армиска единица „Командоси“ го освоија третото место меѓу 137 патролни тимови и повеќе од илјада војници кои учествуваа на меѓународна воена вежба „Cambrian Patrol 2018“ во Обединетото Кралство.

Вежбата „Cambrian Patrol", на која учествуваа војници од 37 земји од светот, се одржува секоја година во Black Mountains, Велс.

Војниците кои учествуваат во вежбата треба да поминат околу 65 километри по за нив непознат, но и тежок терен, а со себе носат оружје и опрема.

Екстремните елементи на оваа вежба се сметаат за тест на лидерство, самодисциплина, храброст, физичка издржливост и одлучност.

Оваа година, тимот на албанските војници, составен од баталјонот „Командоси“, го освои третото место, односно бронзен медал.

На меѓународната воена вежба „Cambrian Patrol 2018“ првпат учествуваше тим од Безбедносните сили на Косово.