Во домот и помошни простории на Б.Е.(47) од Тетово полицијата вчера нашла околу 200 грама хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.
Претресот бил извршен вчера меѓу 16.30 и 18.30 часот од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по претходна судска наредба.
Како што информира МВР, Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денов со соодветен поднесок тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.
Пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење.