Грчката крајбрежна стража денеска во близина на островот Кефалонија во Јонското Море пресретна едреник со кој патувале околу 70 илегални мигранти.

Два брода на Крајбрежната стража го одвлекле едреникот со мигрантите во административниот центар на Кефалонија, Аргостоли.

Едреникот бил лоциран од страна на авион на Фронтекст, откако еден од мигрантите преку мобилен телефон ги известил властите дека бродот е во дефект и дека не знаат каде се наоѓаат.