Со извици и песни за Македонија беше одбележана традиционаланата воена парада во Солун. Резревистите и пан- хеленските здруженија вчера маршираа пред вип ложата извикувајки дека Македонија и припаѓа на Грција.
Слични повици имаше и од публиката. По обраќањето на противникот на прспанскиот догвор, министерот за одбрана Каменос , некој од насобраните гласно побара оставка од него.
Каменос дај си оставка, спаси ја Македонија! Дај оставка за Македонија!
Министерот на ова дофрли дека ќе го направи тоа кога ќе дојде време .
За време на парадата , посветена на денот кога Грција му кажа не фапистичкиот ултиматум на Италија, во вип ложата беа присутни и грчкиот претседател павлопулос и неговиот италијански колега претседателот Матарела.
Истовремено, грчката полиција застанала мала група на демонстранти кои сакале да маршираат и да протестираат против Договорот од Преспа за промена на името Македонија.