Албанскиот претседател,Илир Мета, реагираше во врска со неделниот инцидент во Буларат, кога беше убиен 35-годишниот Костандинос Кацифас, оценувајќи го како изолиран настан кој „не треба да влијае врз албанско-грчкото пријателство”.
-Грчкото малцинство во Албанија и албанските емигранти во Грција ќе продолжат да бидат солиден мост на овие односи и ова пријателство, оценува Мета.
Тој упати апел до политичките партии настанот да не го користат за политички цели.
Претседателот Мета ги цени ставовите на грчкиот министер за култура за настанот и ги повикува сите да не се обидуваат да го искористат овој настан за националистичка реторика и деструктивни политички потреби.
Околу настанот претходно реагираше премиерот Еди Рама преку својот профил на Твитер.
-Драги соседи! Наместо да го нарекувате неприфатливо губењето на животот на еден натрапник кој пукаше со боеви куршуми врз нашата полиција, која само ја извршуваше својата должност, придружетени се во благодарноста до Бога дека не е изгубен ниту еден невин живот од екстремистичко лудило,- напиша Рама на Твитер.
Околу инцидентот,кој предизвика заладување на односите меѓу Атина и Тирана,регираа и политички партии.
За партијата за правда и единство, партија на протераните Чами од Грција, убиството на Кацифас „не е црна хроника,туку најавен политички настан“.
-Ова не е црна хронка,туку најавен политички настан.Тој е лице со криминално досије,кое не негираше дека е поврзан со органзацијата„Мави“,-изјави партискиот лидер Шпетим Идризи.
Претседателот на партијата за заштита на човековите права,партија на грчкото малцинство,Вангел Дуле смета дека албанската полиција делувала непрофесионално и бара во истрагата да бидат вклучени и претставници на грчките надлежни органи.