Активистот за човекови права Аида Чововиќ по повод вчерашните избори во Србија за членови на Националните совети на малцинствата во Србија за ТВ Н1 изјави дека власта во Србија „на чело со Српската напредна партија има интервенирано за време на изборите за националните совети“, бидејќи како што оцени, националните совети „преставуваат менанизам за контрола“, додавајќи да власта „од петни жили има запнато да инсталира свои луѓе во нив“.

Таа истакна дека граѓаните во Србија и не знаат која е надлежноста на националните совети, како и дека самите национални совети не се заинтересирани да ги вклучат граѓаните во нивната работа.

-Националните совети всушност се претворени во полуга на власта која ни малку не им помагаат на припадниците на малцинствата, туку преставуваат една нитка преку која се држат малцинските преставници, смета Чоровиќ.

На вчерашните избори за македонското национално малцинство, заедно со останатите малцинства во Србија, со 61 глас од 77 присатни електори беа избрани 23 членови на македонскиот Национален совет од листата на досегашниот претседател на советот Борче Величковски, но со бојкот на дел од македонските гласачи, поради политички притисици, закани и уцени.

Пред самото гласање, меѓу 18 до 20 македонски електори го напуштија гласањето, а во изјава за МИА и МТВ, како и за српската ТВ Н 1 и Танјуг, посочија дека бојкотираат поради тоа што сметаат дека изборите не се регуларни и поради вмешаност на поликата во целиот изборен пороцес.

-Ние не сакаме да бидеме дел од таквиот национален совет, во кој се преставници на владеачката политичка партија. Тоа е Национален совет во приватна режија и за интереси за едено лице и за една партија, и тој не ги застапува интересите на македонското малцинство, туку на СНС, изјави во име на 20-те електори Стефан Трајковски од Панчево, барајќи притоа од македонските власти да не го признаат новиот Национален совет.

Во пресрет на изборите за национални совети со соопштение се огласи и опозицискиот „Сојуз за Србија“ кој ја обвини владеачката Српска напреда партија дека преку притисоци и незаконски дејствија спроведува постапка за ставање под своја контрола на советите на националните малцинства, со што ја загрозува регуларноста на изборите.

Националните совети во Србија, меѓу кои е и Македонскиот национален совет, е државна институција, финансирана од буџетот на Србија, преку која националните малцинства во Србија ја остваруваат својата со Устав загарантирана самоуправа во образованието, културата, информирањето, употребата на јазикот и писмото, но не и во политиката.