Албанската Влада на денешната седница го прифати предлогот на премиерот Еди Рама и за заменик министер за внатрешни работи го именува Сандер Леши.
Заседанието на Владата следуваше веднаш по седицата на Парламентот, на која беше усвоен указот за разрешување на досегашниот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај и откако претседателот Илир Мета не го потпиша указот за именување на Леши на оваа функција.
По седницата на Владата, Рама на својот профил на Фејсбук ја објави веста со фотографија на која се заедно со Леши, нарекувајќи ја „фотографија на денот“.
На именувањето на Леши остро реагираше опозициската Демократска партија оценувајќи дека тој „е војник на Рама за да го заштитува криминалот, кој купува гласови за нелегитимната власт“.
– Парламентот денеска го отвори патот на раководење со Министерството за внатрешни реаботи од еден друг војник на Еди Рама, чиј крај ќе биде идентичен – слуга на премиерот, кој е заложник на организираниот криминал. Сандер Леши нема да се бори против криминалот, бидејќи политичката моќ на неговиот шеф зависи од купувањето гласови преку банди и организиран криминал. Сандер Леши е производ на нелегитимна влада, која е на власт со најмалку 15 купени мандати, изјави потпретседателот на Демократската партија, Еди Палока,
Демократите и претходно реагираа во врска со одлуката на премиерот Рама, заменик министер за внатрешни работи да биде на Сандер Леши, но со „надлежности на министер“.
Според нив, Леши е најнесоодветна личност да раководи со овој значаен сектор, а на премиерот Рама од голема важност му е да го контролира Министертвото за внатрешни работи.
Инкау, Сандер Леши по чин е бригаден генерал. Тој извршувал високи фунции во армијата, а во последните години беше советник на премиерот Рама за безбедносни прашања.