По добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека неколку работници во скопска фабрика за производство на пиво и сокови се затруле со храна, екипа од инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Ценатрот за јавно здравје Скопје, вршат вонредна инспекциска контрола во мензата. Целта на контролата е утврдување на евентуалниот причинител на труењето.

Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала/послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата.

Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена.