Општина Прилеп активно ги решава проблемите со руинираната патна мрежа во градот. Покрај десетиците улици што во изминатите неколку месеци беа комплетно асфалтирани и реконструирани, со нов слој асфалт се реновирани и улицата „Ристе Секирчанец“ во должина од 400 метри со околу 2000 метри квадратни, како и кростосницата со улицата „Ленин“.
Според надзорот Богоески, граѓаните на Општина Прилеп долго време го очекувале сето ова и изрази задоволство од квалитетното и брзо завршување на градежните работи со патната инфраструктура.
Во зависност од временските услови, наредните недели, ќе продолжат градежните активности на терен, со цел целосно исполнување на предвидените активности во комуналаната програма на Општина Прилеп за 2018 година и уредување на што поголем број улици во градот.