Пет македонски компании се заинтересирани да ја купат ЦМЦ машината, која е иновација на младиот штипски иноватор, Стефан Јакимовски, ученик во штипското електро-машинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“.

Јакимовски на денешната прес-конференција истакна дека понудите пристигнуваат по презентацијата на неговата иновација на саемот „Макинова“, каде што ја презентираше својата ЦМЦ машина за гравирање на дрвени, пластични и метални материјали.

– Имам веќе понуди од домашни фирми и приватни лица, кои сакаат да набават вакви машини. Тоа е за нас голема мотивација, бидејќи претставува голем водич за нашите изработки. Во моментов работам и на патентирање на иновацијата, вели Јакимовски.

Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов забележува дека ова е голем успех за училиштето, а е резултат и на работата на професорите со учениците. Најави дека учениците од ова училиште ќе учествуваат и на државни и меѓународни натревари.