Директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски на Фејсбук објави дека Брза помош, превезувајќи дете со изгореници на Клиника имало сообраќајна несреќа, удирајќи дива свиња на патот.

Како што пишува тој во објавата, за среќа, во сообраќајната незгода нема жртви, но со лесни повреди се здобила сестраната која била во придржуба на пациентот.

Пациентот и повредената медицинска сестра, со возило на итната медицинска помош од Скопје биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

„Вечерва екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат...

По дваесетина минути пристигнав на местото, каде што возилото не беше во возна состојба.

За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар. По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје.

Благодарност до Брзата помош од Скопје која ги превзема нашиот пациент и нашата повредена медицинска сестра!“ - стои во фејсбук објавата на Директорот на велешката болница