Синоќа, во 19,00 часот во Полициската станица Аеродром Ф.Ф.(31) од село Никиштани пријавил дека истиот ден околу 15,00 часот, додека се движел од улицата “Вангел Тодоровски“ кон улицата “Васко Карангелески“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера, во 12,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Ќ.Х.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден во 12,10 часот на улицата “Бојмија“ на паркингот на меѓународната автобуска станица бил физички нападнат од страна на Х.Ш.(27) од Скопје, вработен како обезбедување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Синоќа, во 20,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Б.А.(36) пријавил дека истиот ден околу 14,30 часот во село Трубарево физички бил нападнат неговиот малолетен син од страна на три малолетници. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.