Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) на 15 декември годинава ќе одржи добротворен концерт во Македонската филхармонија.

Концертот насловен „Божик во Њујорк“ е посветен на најпопуларните американски поп и џез композиции поврзани со новогодишните и божикни празници. Публиката ќе може да ужива во звуците Френк Синатра, Бинг Крозби, Арета Франклин,…

Ова е втор ваков концерт на МААА по минатогодишниот „Една ноќ во Америка“.

-Ве покануваме да поминеме заедно уште прекрасна и незаборавна вечер, истовремено помагајќи им на оние на кои им е најпотребно, велат од МААА.

Билетите се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и mktickets.mk.