Со доделување на наградите на најдобрите филмови снимени со мобилен телефон денеска во Кинотека на Македонија ќе биде затворен 9. Интернационален „Мобил фестивал“.
Ќе бидат доделени награди за најдобрите во македонската и во меѓународната селекција, а авторот на најдобар филм ќе добие стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје. Награди ќе се доделат за најдобар филм, за најиновативен филм, за најоргинална приказна и за најдобра идеја.
Во рамки на фестивалот беа прикажани и играните филмови „Планинско чудо“ и „Помош ја смалив учителката“, а се одржа и работилница за изработка на филмови со мобилен.
Фестивалот го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“ од Скопје.