Општина Куманово објави оглас за набавка на 20 мобилни тезги-штандови за што планира да одвои 615.000 денари без Данок на додадена вредност. Заинтересираните можат да постават прашања до општината до утре, а понудите треба да бидат испратени до 30 ноември годинава. Понудите имаат важност од 60 дена.
Извор на средствата за реализација на оваа набавка се обезедени преку проектот „Оддржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекугранична област помеѓу општина Гњилане и општина Куманово, кој се имплементира преку прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија, а дел од средствата се обезбедени од општина Куманово.
Мобилните тезги се наменети за земјоделците кои ќе бидат вклучени во проектот што се спроведува од 8 јануари годинава и ќе трае до јули, наредната година.