Амбасадорот на мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, смета дека е многу значајно постигнување договор за изборниот законик и реформите во правосудството.
Тој порача дека владата и опозицијата треба да го направат „најдоброто за земјата“.
– Влегуваме во многу значен период, како што е договорот за изборниот законик и судските реформи. Пред нас е многу важна недела за владата и опозицијата да го направат она што е најдобро за земјтата, да го направат она што го бара времето а тоа потребно време е сега,-порача Сореца.
Во врска со текот на реформите за интеграција на земјата,тој вели дека гледа напредок на тој пат.
– Во текот на овие 90 дена на моето присуство во Албанија видов напредок, амбиција за постигнување на препораките и гледам позитивност во овој апсект, оценува евроамбасадорот.
Изборните реформи во Албанија започнати се пред една година,но за сега неизвесно е кога тие ќе бидат усвоени,меѓу другото и поради фактот што обединетата опозиција подолг период ја бојкотира работата на законодавниот дом.
Претходно официјален Брисел упат апел до Владата во Тирана да созаде услови за дијалог а опозицијата да се откаже од бојкотот и да се врати во албанскиот парламент,што до сега не е направено.