Еколошката програма „Ден со природата“ која веќе неколку години ја применува фондацијата „Аполонија“ денеска им беше претставена на учениците од ООУ ,,Владо Кантарџиев од Гевгелија кои имаа прилика да се запознаат со целите на програмата и активностите на фондацијата насочени кон зачувување на животната средина.
Претставници од фондацијата посочија дека секоја недела деца од Гевгелија и околината во рамки на програмата учествуваат во разни активности како што се искачувања на планината Кожуф,садење цвеќиња,тестирање на водата од реката Вардар,собирање отпадоци,учење за рециклирање,посети на локални фабрики и фирми и разни други активности.
Беше речено дека покрај ова два пати во годината дваесетина деца учествуваат во акцијата ,,Ден на дрвото-засади ја својата иднина,, и дека традиционално учествуваат во националните акции за чистење диви депонии.
-Еколошката програма е проектирана со намера да обезбеди пристап до околните заедници на Гевгелија за децата од местата кои немаат можност да учествуваат во такви екскурзии и да се воспитуваат децата како да ја чуваат животната средина во која ги обавуваат своите секојдневни активности,истакнаа презентерите на програмата.